Кениец победи на маратонот во Стокхолм иако една минута трчал во погрешна насока

442

Кенискиот атлетичар Феликс Кирва е победник на маратонот во Стокхолм и покрај тоа што тој заедно со уште двајца атлетичари поради грешка на организаторот трчал во погрешна насока. Кирва, Мерхави Кесете и Анбеса Тесфаје под полициска придружба скршнале во погрешна улица, а организаторите после една минута ја забележале грешката.
Збунетите тркачи морале да се вратат назад и да се вратат на вистинската патека. Сепак, Кирва надополнил дел од изгубеното време и победил во трката и заработил 5000 долари како награда.
На крајот имаше време од 2 часа, 11 минути и 6 секунди.
Организаторите за грешката го обвиниле полицискиот моторцикл по кого трчале маратонците, а од полицијата објавија дека нивна задача е сигурност на натпреварувачите, а не да ги насочуваат.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ

ПретходноБарди погоди за водство на Македонија, негов десетти гол за националниот тим (видео)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија доминантна, а Барди со супер-продор ја затресе мрежата