Кошаркарите последна надеж за титула, Битола на нозе – доаѓа МЗТ Скопје!

182

Битола сонува за титула. Овој град кој имаше најголема верба во ракометарите, поточно Е.Пелистер, како еден вид утеха спортското издигнување во последните неколку години гледа во кошаркарите.

Е.Пелистер беше близу до еден од двата пехари, но се покажа како недоволно зрел за големи натпревари.

Останува да видиме дали кошаркарите на чело со Марјан Илиевски ќе ги оправдаат вложените средства, оти битолскиот тим има доволно оружје, во никој случај не треба да биде изненадување победа над било кого, во случајов МЗТ Скопје.

Кошаркарите вчера прошетаа низ Широк Сокак, побараа поддршка во оваа битка за тронот, ветија добра игра, па се очекува денеска (18:30 часот) трибините во салата „Боро Чурлевски’ да бидат исполнети.

Нема да биде лесно. Актуелниот македонски првак доминира во последните пресметки против Пелистер, ги добива по ист „рецепт“, на ист начин. Илиевски и неговите избраници не научија да го пребродат третиот период. Во Скопје се распаднаа, едноставно не најдоа начин да се издигнат.

МЗТ Скопје е во налет, има 12 победи во низа, денеска нема да пропушти шанса да направи брејк и да се најде на чекор до деветата титула во својата историја.

ПретходноЕден навивач Македонец доаѓа на „Викторија“
СледноВисла ја прекина доминацијата на Кјелце, ПСЖ пред историја за утеха по новиот кикс во ЛШ!