Гибралтар е англиска база и тука жителите повеќе знаат за настаните во Премиер лигата отколку за домашните клубови и репрезентацијата.
Џани Алиоски беше единствениот денеска на стадионот „Викторија“ кој има играно во Премиер лигата. Дојдоа инавивачи на Лидс кои по мечот „збеснаа„ по нашиот фудбалер и му го бараа дресот.
Алиоски во свој стил, се појави пред мнавивачите и одлучи неговиот дрес да го даде на девојче кое на себе го носеше дресот на Лидс. Радоста кај „среќниот добитник“ беше голема.