Вајперс ја одбраниja европската титула

128

Екипата на Вајперс Кристијансанд остана на европскиот престол по денешната победа над Ѓер со 33:31 во финалето на женската Лига на шампиони одиграно во Будимпешта. „Змиите“ од Норвешка од почеток па до крај играа сигурно и не дозволија ниту еден пад во играта ниту на домаќинот понесен од публиката да се крене.
Првиот дел го добија со 15:13, а во продолжение на мечот добро се држеа и не дадоа шанса на унгарскиот гигант, кој по три години се врати во финалето, да направи пресврт.
Чешките репрезентативки Јерабкова и Кнедликова имаа одличен настап и постигнаа шест односно пет гола. Со пет гола се истакна Швеѓанката Гулден, како и најдобрата норвешка ракометарка Нора Морк која постигна четири гола.
Кај Ѓер најефикасна беше Данката Хансен со шест гола. Инаку ова е втора европска титула за Вајперс во историјата по онаа освоена минатата година по триумфот над Брест во финалето.
Третото место на овој Ф4 турнир му припадна на Мец кој во малото финале славеше над Есбјерг со 32:26.

ПретходноКузмановски со гол во последните секунди му донесе победа на Хановер
СледноНиколов ја запечати победата на Македонија во Гибралтар (видео)