Да не беше Гибралтар ние ќе сонувавме ЕП!

6863

Малку сме неблагодарни, не знаеме да бидеме „големи“ и да признаеме и јавно да му се заблагодариме на Гибралтар. Зошто!? Па да не беше Гибралтар ние можевме да сонуваме настап на ЕП на нашата фудбалска репрезентација.

Можеби е тенка меморијата, но во таа 2018 година, во тој прв циклус од Лигата на нации ние ја загубивме директната битка со Ерменија. Дома победа од 2:1 и дебакл на гости од 4:0. И тогаш од нигде никаде се појави Гибралтар кој направи сеонзација и ја победи Ерменија во Ереван со 0:1 со голот на Жозеп Чиполина од пенал. Така ние се лансиравме на првото место во групата, а потоа следеа дуелите со Косово во Скопје (2:1), и историското финале со Грузија во Тбилиси (0:1).

СПОРТМЕДИА преку прес службата на Гибралтарската федерација побара средба со стрелецот на голот во Ереван, Жозеп Чиполина кој денеска ќе биде на стадионот „Викторија“ но нема да игра со Македонија поради повреда. Треба скромно да му се заблагодариме. Да не беше тој и Гибралтар ние немаше да имаме историја и настап на ЕП.

ПретходноEкс-тренерот на Норвич и Краснодар го презема Менхенгладбах
СледноВо Баерн бесни на Левандовски, Полјакот ќе го користи бизарното правило на ФИФА!