Еден навивач Македонец доаѓа на „Викторија“

1145

Многу спарно, многу топло ќе биде тука во Гибралтар за време на нашиот дуел од Лигата на нации против домашната селекција. Горештината и лошите услови за гледање на такво време се главната причина поради која и интересот за оваа средба е многу мал. Неколку стотина навивачи се очекуваат на дуелот Гибралтар – Македонија кој почнува од 18 часот. Според официјалната најава за средбата е најавен и еден навивач за Македонија. Истиот веќе имал контакт со лицата од нашата федерација. Станува збор за Македонец кој живее во Мароко и кој доаѓа да навива за својата земја. Тоа значи дека и тука на Гибралтар нашите фудбалери нема да бидат сами. Се надеваме дека споменатиот навивач нема да биде сам и дека некои наши иселеници или лица кои живеат и работат во Шпанија или Португалија ќе најдат време да дојдат и да навиваат за својата земја. Сепак условите не се идеални, правилата за влез и излез од Гибралтар се исто така комплицирани.

ПретходноРолан Гарос – финале: Надал преку Руд до својата 14 титула во Париз!?
СледноКошаркарите последна надеж за титула, Битола на нозе – доаѓа МЗТ Скопје!