Имаме два порази од Гибралтар, затоа “дуваме“ на јогурт!

888

Зошто селекторот Благоја Милевски е толку фокусиран на Гибралтар иако ваквите дуели нашата селекција треба да ги добие со леснотија!?

Причината е јасна, Гибралтар сериозно напредува во годините кои поминуваат. Згора на тоа не само оној пораз од 1:0 на нашата селекија до 21 година токму со Милевски на клупата. И пред тоа пред 6-7 години загубивме тука на Гибралтар на истиот овој Викторија стадион. Тогаш селекцијата до 15 години која беше на развоен турнир. Одигра 1:1 во регуларниот дел и загубија на пенали. Затоа нема опуштање, затоа максимално сериозно влегуваме во овој меч, затоа дуваме иако пиеме јогурт. Затоа што сме биле изгорени од вакви селекции во минатото.

Максимално одговорно во сите 90 минути и максимално фокусирани да се даде гол се додека не се осигура нормална предност по која мислите би се насочиле кон штедење на сила за дуелот со Грузија. Навредливите текстови за играчите на Гибралтар кои биле царинарници, пожарникари, админисративци се помалку ги има… Зошто!?

Само за информација. Првакот на Гибралтар е екипата на Линколн. Таа лани играше во Конференциската лига, натпреварување кое е сон за нашите клубови.

Тој Линколн сега е носител во првото коло од Лигата на шампионите каде може да се судри со нашиот Шкупи кој пак е аутсајдер… Далеку се овие од аматери иако реално далеку се и од квалитетот на нашиот национален тим.

Добро е да има респект, внимание и максимална ангажираност. Победа си е победа, три бода се три бода…

Денеска ние мора да победиме!

ПретходноМото ГП: Квартараро прв на целта на трката во Каталуња!
СледноЅвездата на Ливерпул не сака да ја пее химната на Англија кога игра за репрезентацијата!