И Хрвати дојдоа да навиваат за Македонија

633

Не е сама македонската фудбалска репрезентација во Гибралтар. Има и поддржувачи и симпатизери на нашиот национален тим. Па така во Гибралтар се појави екипата на ХАШК Младост од Загреб која го освои првото место во Евро хокеј на трева Челенџ турнирот во Гибралтар со што се сели во повисок ранг.
Тие се присутни на стадионот во Викторија, а се слушаше нивниот глас: „Адеми, Адеми…“ поздравувајќи го македонскиот национален тим и капитенот на фудбалскиот клуб Динамо Загреб. За жал Адеми не е во составот поради повреда и не е во Гибралтар, но благодарение на него сме омилени кај дел од хрватската публика.

ПретходноОфицијално: Ова е составот со кој ќе го нападнеме Гибралтар, Серафимов, Илиев и Тодороски стартери!
СледноСПОРТМЕДИА не заборава: „Александрија“ за нашиот херој од сенка…!