Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски со гол во последните секунди му донесе победа на неговиот Хановер на мечот со Ерланген од 28:27 во меч од 32. коло на Бундес лигата.
Инаку нашиот репрезентативец на овој меч постигна вкупно шест погодоци и заедно со Мартиновиќ беа најефикасни кај победничката екипа. Хановер во последните две кола ќе игра против Либек и Лајпциг.
Хановер моментално е на 12-тата позиција на табелата.