Лапорта ги шокираше Пике, Бускетс и Алба со новото барање! Триото му даде „корпа“

587

Барселона има големи планови ова лето кога станува збор за новите засилувања, но финансиската ситуација во клубот и натаму не е бајковите.

Каталонците ќе мора прво да се решат од некои играчи на кои Чави Хернандез нема да смета, но истовремено ќе мора да продадат дел од првотимците за да добијат пари за засилувања.

Но, ситуацијата на финансиски план е многу комплицирана, Барса не може лесно да донесе нови играчи. Па раководството на клубот има план, исто како минатата година. На дел од стандарните играчи да им ја намали платата, долгот да го исплати во сезоните што доаѓаат. На оваа политика се согласи Пике, тој играше скоро бесплатно, истото го строија уште неколку првотимци, чии плати беа значително намалени.

Жоан Лапорта и неговите соработници и ова лето имаат сличен план. Според каталонските спорт одредени првотимци се изненади од новото барања ма првиот човек да играат за мала плата. Најверојатно ова се однесува на Пике, Бускетс и Алба. Тие порачале дека ваква услуга ќе мораат да бараат од другите играчи, бидејќи тие една година веќе играа за помала плата.

Иако финансиската ситуација е лоша, сепак Барса има големи планови ова лето, а дел од нив е Роберт Левандовски, за кого раководството на клубот ќе мора да плати 40 милиони евра за неговата слобода.

ПретходноГеоргиевски освои медал на „Гранд при Рим“
СледноРепрезентативци поради пари одбија да тренираат!