На нешто повеќе од еден час до стартот на мечот од ЛН меѓу Гибралтар и Македонија, нашиот селекторт Благоја Милевски ги “отвори картите“. Го објави стартниот состав со кој ние на стадионот „Викторија“ ќе го нападнеме Гибралтар и ќе одиме на победа и три бода.
Во последен момент дојде до мали измени во составот, па така стартери ќе бидат Серафимов и Тодороски. Формацијата е 4-4-2. На голот е Илиев, во одбраната се Алиоски, Муслиу, Серафимов и Тодороски, Во средниот ред тука се Барди, Елмас, Спировски и Николов, додека во нападот Трајковски и Ристовски.