Приказна стара, генерација нова…

344

Пред 4 години 0:2 еве и сега 0:2. Македонија ја има потребната формула за сигурна победа во Гибралтар, на вештачката трева, под карпата а близу аеродромот…

Така беше во времето на Пандев, така е и сега во времето на Барди… Магијата на фудбалерот на Леванти при првиот гол е она што ќе се памети од ова незгодно, но за нас победничко гостување. Како и пред 4 години така и сега, игра на сигурна победа, со грешки, со бункер на домаќинот, но со посакуваната цел. Повторно ставаме печат на трите бода од Гибралтар, селекција која се надеваме дека исто како и пред 4 години така и сега ќе успее да им откине некој бод на ривалите (овојпат шансите се мали), па ние на крајот да продолжиме со приказната да бидеме први да ни се отворат портите за ново ЕП. Ќе се памети ова попладне во Гибралтар по тоа што видовме нови момци во националниот тим. Конечно деби за Дени Илиев. Добро деби, сигурно деби и една прекрасна одбрана при 0:1. Деби во националниот тим за надежниот стопер Серафимов кој докажа дека има репрезентативен потенцијал. Тука под карпата на својот прв настап за Македонија на меч за бодови го има и десниот бек Тоше Тодоровски кој исто така добива еден добар и надежен плус. Оваа Македонија, речиси комплетно реновирана по ремито со Бугарија еве и со првата „тројка“ во групата. Ова денеска не е нешто екстра, но ова денеска е доволно. Колку и да негира, Милевски успеа да сочува сила, да одмори некои играчите затоа што главното следува за неколку дена и директната пресметка со Грузија за првото место во групата. Ова со Гибралтар беше и добро загревање, но она што следи е тоа кое мора да се добие. Добро е што Давид Бабунски докажа дека тој мора да е тука, Николов се враќа и денеска ја завери победата. Го чекаме Елиф Елмас! Ни треба вистинскиот Елиф против Грузја, но и Трајковски кој исто така е далеку од формата како на дуелот со Италија. Свежина, одмор и нова акција…

Планот оди според посакуваното! Треба да се наместат и останатите коцки од мозаикот.

ПретходноБабунски: Милевски го вади најдоброто од мене!
СледноМисија исполнета: Се враќаме со трите бода од Гибралтар (ФОТОГАЛЕРИЈА)