Стручен коментар – Горазд Михаилов: Бодовите пред играта…

596

Македонија на гостувањето кај Гибралтар успеа да победи со 0:2 и да ги освои трите планирани бодови. Факт е дека не блескавме, но сепак факт е дека ги освоивме трите бода, што е најважно.

Горазд Михаилов, стратегот на Силекс за „Спортмедиа“ дава стручна анализа…

Бодовите пред играта, можеме да резимираме. Селекторот Милевски одлучи да им даде шанса на неколкумина кои дебитираа, што секако дека е оправдано кога се играат вакви мечеви. Мечевите во кои се мисли дека сме апсолутни фаворити по сите параметри, најтешко ги добиваме. Во првото полувреме ја имавме контролата на играта, но освен пречката на Ристовски, ударот на Спировски и индивидуалниот потег и голот на капитенот Барди, не би одвоиле ништо посебно. Вреди да се спомене дека на 0:0 лесно можеше да се случи, по киксот на Муслиу, домаќините да поведат“ вели Михаилов.

За случувањата во продолжение од средбата, тој посочи…

Според мене во овој дел од мечот со промената на системот од наша страна, кога сакавме да имаме поголема иницијатива и шанси да постигнеме уште некој гол, не се исполнија очекувањата. Измените кои беа направени и не го дадоа тој ефект кој се очекуваше. Ако против Бугарија сите се сложивме дека сме имале добро второ полувреме, сега не беше така. Ова беше полувреме за заборав“.

Тој смета дека можеме и мораме подобро…

Во делови од второто полувреме се доведовме во ситуација да се `тресеме` до последните мигови и голот на Николов. Ова треба да биде опомена. Лично верувам дека Милевски има што да им каже на играчите пред следниот меч со Грузија, селекција која е далеку поквалитетна од денешниот наш ривал. Сепак најважно е што бодовите се освоени, дојдовме до победата, но можеме и мораме подобро“ заврши нашиот стручен коментатор.

ПретходноПо голема драма и продолжение, Пелистер израмни на 1-1 во финалето
СледноУ21: Украина не демолираше за 20 минути (ВИДЕО)