Тен Хаг: Играчите со гласање ќе го одберат новиот капитен на Јунајтед!

248

Ако едно нешто е сигурно во Манчестер Јунајтед, тоа е дека Хари Мегваер, ако остане, нема да биде капитен на тимот, како што беше досега. Невидениот “киксер“ на сите им здосади, па така новиот стратег Ерик Тен Хаг нема време уште на стартот на своето шефување на “Олд Трафорд“ да се занинава со него.

Па така сега јавноста со нетрпение очекува кој ќе биде предводник на тимот, кој ќе бие “главен“.

Тен Хаг на ова посочи дека играчите со гласање ќе го одберат капитенот и дека тој нема намера да се меша, кој ќе добие најмногу гласови, тој ќе биде и капитен.

Гласањето ќе се изврши при крајот на месецот кога играчите ќе се соберат за да ги почнат подготовки.

Инаку се шпекулира дека тоа нема да биде Кристијано Роналдо, туку голманот Давид де Хеа.

ПретходноДени Илиев денеска ја имаше најубавата поддршка на светот (ФОТО)
СледноЛН: Шпанија се спаси од пораз, Србија и Португалија со убедливи победи (ВИДЕО)