У21: Украина не демолираше за 20 минути (ВИДЕО)

544

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година го претрпе и петтиот пораз во квалификацискиот циклус за Европското првенство кое ќе се одржи следната година. Украина вечерва славеше во Истанбул со 4:0 во меч во кој избраниците на Драган Канатларовски, „капитулираа“ практично во два напади и за само две минути.

До 69. минута на дуелот во Турција, нашите млади надежи се држеа рамо до рамо со силната украинска селекција. Дури во неколку наврати имаа и добри позиции да се заканат кон домашниот гол, но не успеавме да изненадиме.

По една одлична акција, Украина во 69. минута, конечно, успеа да го отвори резултатот со погодокот на В’Иник, додека само што тргнавме од центарот, повторно загубивме топка, па Судаков ја казни нашата ноншалантност со гол за 2:0.

 

Со овој гол практично завршија нашите надежи за добар резултат. До крајот на мечот Украинците уште двапати ја затресоа мрежата на Денковски. И во двата наврати Ванат постигна прекрасни погодоци.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСтручен коментар – Горазд Михаилов: Бодовите пред играта…
СледноМеси-шоу во Шпанија: Пет гола на пријателска со Естонија (ВИДЕО)