Eкс-тренерот на Норвич и Краснодар го презема Менхенгладбах

132

Борусија Менхенгладбах го отпушти Ади Хитер после само една сезона на кормилото и одлучи да најде друг стратег после лошата сезона. Управата го најде наследникот, а тоа е поранешниот тренер на Норвич сити Даниел Фарке кој потпиша договор до 2025 година.
Фарке почна да работи во вториот тим на Борусија Дортмунд во четвртата германска лига, потоа седна на клупата на Норвич и во втората сезона успеа да го однесе тимот во Премиер лигата како шампион на Чемпионшип дивизијата.
Во септември 2021 година Фарке беше назначен за тренер на Краснодар од Русија меѓутоа си замина во март оваа година непосредно по руската инвазија на Украина.

 

ПретходноМициќ го напушти теренот со количка, но стигнаа охрабрувачки вести!
СледноДа не беше Гибралтар ние ќе сонувавме ЕП!