Висла ја прекина доминацијата на Кјелце, ПСЖ пред историја за утеха по новиот кикс во ЛШ!

300

Во сите земји ширум Европа првенствата полека завршуваат. Од Полска ни доаѓа интересна информација, Висла успеа да ја прекине доминацијата на Кјелце. Во финалето на полскиот Куп го совлада составот на Талант Душебаев со 34-36 и дојде до пехарот по 11. пат во својата историја, прв од 2008 година.

Висла нема освоено ниту еден пехар од 2011 година кога со години доминира Кјелце, последен пат овој тим славел против Келце во 2019 годин.

Во Франција пак ПСЖ може да испише историја. Раул Гонзалес и неговите момци оваа година не успеаја да заверат билет за Ф4 во Келн, но затоа пак како утеха без пораз можат да дојдат до титулата. Имаат 29 победи, до крајот останува уште едно коло.

ПретходноКошаркарите последна надеж за титула, Битола на нозе – доаѓа МЗТ Скопје!
СледноАко не влезе во гол може да „бутне“ авион или да летне до Шпанија!