Кузмановски со гол во последните секунди му донесе победа на Хановер

203

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски со гол во последните секунди му донесе победа на неговиот Хановер на мечот со Ерланген од 28:27 во меч од 32. коло на Бундес лигата.
Инаку нашиот репрезентативец на овој меч постигна вкупно шест погодоци и заедно со Мартиновиќ беа најефикасни кај победничката екипа. Хановер во последните две кола ќе игра против Либек и Лајпциг.
Хановер моментално е на 12-тата позиција на табелата.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија доминантна, а Барди со супер-продор ја затресе мрежата
СледноВајперс ја одбраниja европската титула