ЛН: Шпанија се спаси од пораз, Србија и Португалија со убедливи победи (ВИДЕО)

221

Иниго Мартинез со голот во истекот на 90. минута ја спаси Шпанија од пораз на гостувањето кај Чешка во меч од 2. коло во Лигата на нации во сегментот „А“. Чесите двапати водеа, но на крајот мораа да се задоволат само со бод на домашен терен.

Чешка поведе со голот на Пешек во 4. минута, за во финишот на првиот дел младиот Гави да погоди за израмнување на 1:1. Второ водство за Чешка донесе Кухта во 66. минута, пред Мартинез во завршницата да погоди за 2:2.

Во вториот меч од овој сегмент вечерва, Португалија ја прегази Швајцарија со 4:0. Свое шоу во првиот дел имаше Кристијано Роналдо кој постигна два гола. Останатите два за домашните беа дело на Карваљо и Кансело.

Во „Б“ сегментот од Лигата на нации, Србија дојде до очекувана и убедлива победа над Словенија од 4:1. Митровиќ ги доведе Србите во водство од 1:0, пред Стојановиќ да израмни на 1:1.

Во вториот дел домашните беа доминантни и со головите на Милинковиќ-Савиќ, Јовиќ и Радоњиќ дојдоа до конечни 4:1. Но скандинавското дерби два гола на Халанд за гостинска победа на Норвешка кај Шведска од 2:1.

Во лига „Ц“ делот, Косово на домашен терен загуби од Грција со 1:0.

ПретходноТен Хаг: Играчите со гласање ќе го одберат новиот капитен на Јунајтед!
СледноГрузија демонстрираше моќ: Бугарија демолирана во Разград (ВИДЕО)