Меси-шоу во Шпанија: Пет гола на пријателска со Естонија (ВИДЕО)

788

Како во најдобрите денови, Лео Меси со пет гола и донесе победа на Аргентина од 5:0 над Естонија во пријателски меч одигран вечерва во Памплона. На стадионот Ел Садар, „гаучосите“ беа преголем залак за естонската репрезентација, а Меси со својот „пента-трик“ повторно беше во фокусот на јавноста.

Во 8. минута, аргентинскиот напаѓач го отвори резултатот со гол од пенал. Во 45. минута го удвои водството, а на стартот на вториот дел погоди за 3:0. Последните два гол Меси ги постигна во завршните 15-тина минути за висока победа на својот тим.

Меси по вторпат во својата кариера успева да постигне пет гола на еден меч. Освен тоа, вечерва со погодоците против Ерменија, суперѕвездата на аргентинскиот фудбал успеал да постигне гол против 30 различни држави кои играле против Аргентина.

ПретходноУ21: Украина не демолираше за 20 минути (ВИДЕО)
СледноДени Илиев денеска ја имаше најубавата поддршка на светот (ФОТО)