Ова е КРАЛОТ: Надал го „збриша“ Руд за 14. титула на Ролан Гарос

180

Рафаел Надал ја освои титулата на Ролан Гарос за 2022 година откако денеска во финалето го совлада норвешкиот тенисер Каспер Руд со убедливи 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-0).

Надал и покрај тоа што претходно се пожали дека чувствува болки во стапалото и не знае дали ќе може да го доигра парискиот Гренд слем турнир, сепак, стисна заби и стигна до трофејот. Претходно, во четвртфиналето во епска борба го совлада големиот ривал Новак Ѓоковиќ со што го отвори патот до финалето. Во полуфиналето како што знаете Зверев го откажа мечот поради повреда, а Надал го искористи тоа на најдобар начин и стигна до 14. трофеј на Ролан Гарос, а вкупно рекордни 22 на Гренд слем турнирите (Новак и Роџер останаа со по 20).

Со тоа Рафа го продолжи 100% ефект во финалињата на Ролан Гарос, тој е „Кралот“ на тенисот со оглед на тоа дека е рекордер на Гренд слем турнирите. Многу веројатно е дека ова ќе му биде последен настап на престижниот Француски опен.

ПретходноСПОРТМЕДИА не заборава: „Александрија“ за нашиот херој од сенка…!
СледноЛазаров и другарите од Нант со пиво го славеа второто место во лигата