Неверојатна сцена вчера се случи во репрезентацијата на Канада. Фудбалерите на оваа земја одбија да тренираат пред дуелот со Панама, а причината е недоразбирањето со фудбалската федерација на Канада околу премијата за пласман на Светското првенство.

Играчите веќе со месеци го чекааат новиот договор за да знаат колку пари ќе добијат за настап во националниот дрес. Немаат потпишано ништо, преговорите за премиите и натаму траат.
Исто така тие ги чекаат бонусите за пласманот на Мундијалот, кои не можат да ги договорат со федерацијата.
Предлогот на раководството е 10% од 10 милиони долари кои Канада ги доби за пласман на СП, но фудбалерите сметаат дека оваа сума е премала и бараат 40%, бидејќи истата треба да биде поделена на 33 играчи.
Исто така канадските фудбалери барале и повеќе билети за своите семејства за Мундијалот, но од федерацијата добиле само две.
Засега договор нема, па токму затоа репрезентативците се одлучиле на бојкот, ќе видиме дали дуелот со Панама ќе биде одигран.
Канада после 36 години оствари пласман на Светско првенство, има одлична генерација и со право се надева на добар резултат во Катар. Таму ќе игра во група со Мароко, Белгија и Хрватска.