Ролан Гарос – финале: Надал преку Руд до својата 14 титула во Париз!?

178

Попладнево од 15 часот на програмата е финалето на Ролан Гарос. Рафаел Надал против Каспер Руд. Ретко кој можеше да очекува дека токму Норвежанецот ќе биде последната пречка пред Рафа кој ја посакува својата 14 титула во Париз и вкупно 22 на гренслем турнирите.

Сепак, тоа е. Рафа е голем фаворит против младиот Руд кој не крие дека денеска ќе игра против својот идол, дека некогаш му бил и спаринг – партнер.

Има само убави зборови за Шпанецот кој ако денеска победи ќе им побегне на Новак и Роџер на две гренслем титули, тој ќе има 22 а овие двајца останаа на 20.

Треба да се каже дека Рафа никогаш нема загубено финале на Ролан Гарос, дека тој е „КРАЛОТ“ на овој турнир и дека веројатно треба да се случи чудо за да Руд изненади.

ПретходноВо Баерн бесни на Левандовски, Полјакот ќе го користи бизарното правило на ФИФА!
СледноЕден навивач Македонец доаѓа на „Викторија“