Ѕвездата на Ливерпул не сака да ја пее химната на Англија кога игра за репрезентацијата!

2972

Тие што го следеа вчерашниот меч меѓу Унгарија и Англија, на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта, кој домашните го добија со 1:0, забелажаа еден детал.

Имено при интонирањето на англиската химна, сите истата ја пееја освен ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер – Арнолд.

Не е тајна дека тој одбива да ја пее кога игра за репрезентацијата, а за тоа си има своја причина. Имено Ливерпул како град и фановите на овој клуб, поради се она што се случуваше со трагедијата во Хилсборо, кога загинаа 97 фанови на Ливерпул, и не се “попалени“ толку за репрезентацијата на Англија и тоа од револт. Па така ретко кој играч на Ливерпул ќе видите, кога игра за Англија, ја пее химната на својата земја.

Секако дека ова наидува на жестока реакција од останатите фанови.

ФОТО: Twitter

ПретходноИмаме два порази од Гибралтар, затоа “дуваме“ на јогурт!
СледноШок меѓу “кралевите“: Тренерот на Реал имал инфаркт и завршил во болница!