Академија Пандев носи лев бек од Франција (ВИДЕО)

1724

Тимот на Академија Пандев денеска требаше да ги стартува подготовките за претстојната европска авантура, но поради обилните врнежи во Струмица денеска, истата е поместена за утре.
Па така, струмичани ќе имаат непланиран ден одмор повеќе, кој секако нема премногу да ги поремети плановите за летово.

А, истите велат дека Академија Пандев најпрво ќе се подготвува во домашни услови, па ќе замине во Банско, па потоа ќе ги стартува интернацоналните активности во квалификациите за Конференциската лига.

Од друга страна пак што се однесува до играчкиот кадар, Спортмедиа дознава дека во Струмица пристигнува 22. годишниот лев бек од Франција со потекло од Мали, Мака Гакоу, кој ја има минато младинската школа на Ле Авр. Тој секако ќе треба да мине период на адаптација за да стручниот штаб увиди за каков играч се работи и во каква форма е во моментов. Од друга страна од клубот си заминуваат интернационалнците Секулиќ и Бихорац.

 

ПретходноДита во Шкендија до 2024
СледноЕл Мундо Депортиво: Зидан е фаворит за клупата на ПСЖ