Интернационалецот на Србија во дресот на Динамо Загреб, Комнен Андриќ даде интересна изјава на тема ривалитетот помеѓу неговиот клуб и Хајдук Сплит.
Србинот, кој според неговите зборови одлично е примен во Загреб и смета дека шампионатот на Хрватска е поквалитетен од оној во Србија, вели дека ривалство мора да има но и дека понекогаш се претерува.
„Навивачите на Хајдук се фанатици, има по 20.000 илјади навивачи на секој меч и тоа е добро. Сепак, на нашето последно гостување, ни беа искршени стаклата од автобусот. Сепак, можам и да ги разберам. Во последните 17. години, Динамо 16. пати бил шампион. Нашиот капитен Аријан Адеми има повеќе титули од целиот клуб Хајдук“ – рече Андриќ.










