Барселона мора да ги намали платите за 160 милиони евра, инаку не и се пишува добро!

237

Барселона ќе мора да го стегне ременот ако сака да ја издржи следната сезона и да не оди во финансиски колапс. Проценките на експертите задолжени за финансиската состојба на каталонскиот гигант пресметале дека клубот ќе мора да ги намали платите за 160 милиони евра, ако сака да „преживее“.

Барселона има екстремно високи плати, а доколку не сака да западне во проблеми со финансискиот фер-плеј, тогаш ќе мора да ги намали трошоците за плата. Економскиот потпретседател на Барселона, Едуард Ромеу, пред некој ден изјави дека Барселона има речиси двојно повеќе трошоци за плати од Баерн Минхен.

„Имаме 560 милиони евра трошоци за плати. За споредба, Баерн Минхен има само 300 милиони евра, а Реал Мадрид има 400 милиони. Нашите трошоци за плати се тотално непропорционални и пренапумпани. Играчите не направиле никаков грев, но мора да бидеме построги за да преговараме“, изјави Ромеу.

Барса сега ќе настојува да се спушти на нивото на плати како во Реал (М), што значи дека сумата ќе мора да биде намалена за најмалку 160 милиони евра. Неколку медиуми блиски до клубот пишуваат дека Барселона ќе започне преговори со сите играчи за да може да се обиде да ги намали платите, но тоа нема да го донесе бараното „зелено салдо“, затоа што дел од играчите ќе мора да бидат и продадени.

ПретходноДеспотовски: Главата горе, на победа против Романија
СледноЛиверпул ја освои титулата, но во Уругвај!