Квачарелија: Македонија ни зеде Европско, доаѓаме во Скопје по одмазда

2266

Репрезентацијата на Грузија, која што е наш следен противник во Лигата на Нации на дуелот кој се игра в четврток од 20:45 часот во Скопје има одличен старт во оваа конкуренција. Две победи, против Гибралтар односно Бугарија на гостински терен, па грузијците буквално „летаат“ во моменов. Нивниот најдобар играч и член на тимот на Наполи, Квича Кварачелија вели дека тој и неговите соиграчи многу добро знаат што направи Македонија, односно ги елиминира во финалето од минатата Лига на Нации и тоа среде Тбилиси, по што ние заминавме на Европско првенство, а Грузија остана со празни раце.

„Победата во Бугарија носи огромен мотив за нас…, посебно пред гостувањето во Македонија кое ни е многу важно затоа што во Скопје одиме по одмазда за оној пораз во Тбилиси. Македонија е наш должник и сега сакаме да се одмаздиме. Ќе направиме се, ќе го дадеме максимумот да дојдеме до победата во Скопје и да ги израдуваме нашите навивачи. Не криеме дека нашата цел е првото место во оваа група и пласман на Европското првенство 2024“ – вели Кварачелија пред мечот со Македонија.

 

ПретходноЕл Мундо Депортиво: Зидан е фаворит за клупата на ПСЖ
СледноИнтер и Конте му дозволија на Гнонто да си оди, а тој сега игра и за Цирих и за Италија