Комнен Андриќ: Ги разбирам навивачите на Хајдук, па Адеми има сам повеќе титули од целиот клуб

217

Интернационалецот на Србија во дресот на Динамо Загреб, Комнен Андриќ даде интересна изјава на тема ривалитетот помеѓу неговиот клуб и Хајдук Сплит.

Србинот, кој според неговите зборови одлично е примен во Загреб и смета дека шампионатот на Хрватска е поквалитетен од оној во Србија, вели дека ривалство мора да има но и дека понекогаш се претерува.

„Навивачите на Хајдук се фанатици, има по 20.000 илјади навивачи на секој меч и тоа е добро. Сепак, на нашето последно гостување, ни беа искршени стаклата од автобусот. Сепак, можам и да ги разберам. Во последните 17. години, Динамо 16. пати бил шампион. Нашиот капитен Аријан Адеми има повеќе титули од целиот клуб Хајдук“ – рече Андриќ.

ПретходноКатастрофален крај на лоши квалификации
СледноКузмановски без „сопирачка“: Ремек-дела на Фитиљ во Бундес-лигата за поклон (ВИДЕО)