Ливерпул остварил контакт со агентот на Дарвин Нуњез

158

Младиот голгетер на Бенфика, Дарвин Нуњез би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Извори блиски до Ливерпул, денеска објавија дека „црвените“ почнале контакт со агентот на Нуњез и ги објавиле своите намери.

И покрај конкретниот интерес, од Ливерпул ставиле до знаење дека не сакаат да фрлаат нереални милиони за Уругваецот и не планираат трансфер по секоја цена. Бенфика пред извесен период го процени напаѓачот на 80 милиони евра (68 милиони фунти).

Нуњез оваа сезона постигна 34 гола на 40 натпревари.

ПретходноМертенс со една нога е на заминување од Наполи
СледноКатастрофален крај на лоши квалификации