Турскиот шампион преговара со Кавани

136

Трабзонспор ја освои шампионската титула во Турција и има големи цели за идната сезона во која освен што ќе го брани тронот ќе сака успех и во Лигата на шампионите. Според „ТРТ Спорт“, раководни луѓе на шампионот се сретнале со агентите на Единсон Кавани кој ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Тој одигра епизодна улога во дресот на „Црвените ѓаволи“, влегуваше од клупата, а постигна два гола и имаше две асистенции во изминатата сезона.
Трабзон ќе треба да искешира солидна сума на пари за плата на играчот. Како споредба и Фенербахче беше заинтересиран пред извесно време, а Уругваецот побарал повеќе од пет милиони евра годишна плата.

ПретходноТурција „плаче“ по Курталан, ние не му даваме пасош
СледноГатузо следните две сезони на кормилото на Валенсија