Македонската фудбалска репрезентација денеска се враќа во Скопје по гостинската турнеја на стартот на Лигата на Нации. „Црвено-жолтите“ од Малага со чартер-лет ќе пристигнат во Скопје.
Поради напорниот пат, но и она што ги чека во следните денови, фудбалери денеска нема да тренираат. Предводникот на националниот тим, Благоја Милевски им даде слободен ден, а веќе од утре почнува мисијата Грузија, противник со кого играме во четврток.