Во Англија предупредуваат: Во Катар нема да толерираат никого, законите се немилосрдни!

293

Се ближи Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. Од Англија многу порано, апелираат до навивачите да се воздржат од употреба на психоактивни супстанци.

Шефот на англиската полиција, Марк Робертс во едно интервју за тамошните медиуми обајсни дека објасни дека наркотиците како што е кокаинот се многу шести на стадионите низ Европа, но дека навивачите не треба да се обидуваат да донесат такви супстанци во Катар.

Рестриктивните закони во оваа земја се немилосрдни и како што наведува тој, никој нема да може да ги спаси од строги казни за оние кои ќе го прекршат овој закон во Катар.

„Властите во Катар нема да прават никакви исклучоци за домашни или странски државјани. Странските амбасади немаат моќ кога станува збор за криминални дела, особено за прекршување на законите за дрога. Оние кои се обидуваат да внесат секаков вид наркотици, особено тешки како кокаин, ризикуваат затвор, смрт и парична казна“, објасни Робертс.

Тој изјави дека нема да бидат поштедени ниту играчите и стручните штабови, па во случај да најдат недозволени супстанци ќе се соочат и со тешки казни.

ПретходноЛевандовски го прекина молкот: Нешто умре во мене!
СледноКалиниќ направи скандал: Истрча кон клупата на Партизан (ВИДЕО)