Давор Палевски останува во Пролет

146

Давор Палевски и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет откако потпиша нов едногодишен договор. За услугите на квалитетното лево крило се интересираа уште неколку македонски суперлигаши, но тој ја избра понудата на Пролет и во наредната сезона повторно ќе биде еден од главните адути во атакот на висок пласман на табелата.

Палевски дојде во редовите на Пролет пред две сезони од екипата на Работнички.

Тинекс Пролет претходно потпиша нови договори и со капитенот Ласко Андоновски и десното крило Мартин Димов, а како ново засилување пристигна македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски.

ПретходноКанатларовски: Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех
СледноГромогласен аплауз за Лазаров: Останувам во ракометот како селектор, можеби ќе водам и клуб (ВИДЕО)