Чурлинов: Целта е прво место, а тоа доаѓа со победи

149

Еден од оние од кого јавноста очекува многу на утрешниот меч од Лигата на Нации против Грузија на домашен терен секако дека е Дарко Чурлинов. Офанзивецот, а и не само тој мора да биде на највисоко ниво, за да се исполнат очекувањата кои се наметнуваат врз нашата репрезентација. А тоа е триумф, освојување на три бода, и секако задржување на колосекот кон конечното прво место во групата. Македонската репрезентација ја очекува тежок дуел но Чурлинов е убеден дека доколку ние бидеме на потребното ниво, нема потреба да се грижиме околу конечниот исход.

„Ние веруваме во нашите квалитети и знаеме дека Грузија е сериозен противник.Сепак, доколку одработиме се она што како задача ќе ни го зададе селекторот мислам дека нема да имаме проблеми на овој дуел. Последите два меча беа сосема друг тип на натпревари. Не дека ние одигравме лошо, туку едноставно противникот наметна таков начин на игра. Имаш противник кој се брани пред себе, и гледаш само да освоиш бодови. Единствена цел секако е да се освои тоа прво место, но истото нема да дојде ако гледаме однапред за некои други мечеви. Мора да сме сконцентрирани на дуелот утре и на ништо друго“ – изјави Чурлинов пред денешниот тренинг.

ПретходноРистовски: Покажавме квалитет, истиот да го потврдиме и против Грузија
СледноПрекин во СЦ „Јане Сандански“, Пелистер на кратко се повлече