Македонската фудбалска репрезентација по гостинската турнеја во рамките на Лигата на Нации од вчера е во Скопје. Нашите фудбалери ќе одиграат два меча на Арената „Тодор Проески“, против Грузија на 9. јуни и против Гибралтар три дена подоцна. Од ФФМ на својата официјална страница соопштија дека билетите се пуштени во продажба, повеќе информации можете да прочитате во продолжение.
„Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гиибралтар кој ќе се одиграат на 9. и 12. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лига на нации.
Влезниците се продаваат по цена од 250. денари за северната трибина, 250. денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.
Навивачите на нашата најдобра репрезентација можат да купат билет за натпреварите против Грузија и Гибралтар преку продажната мрежа на MKTickets и on-line на линкот во продолжение:
Македонија – Грузија:
Македонија – Гибралтар:
https://mktickets.mk/en/event-en/mkd-gbt/
Билетарата на источната трибина на Националаната арена ќе биде отворена за купување на билети на денот на натпреварите од 10:00 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да им бидат поддршка на „Рисовите“ за важните натпревари против Грузија и Гибралтар од Лига на нации“.