ГРК Охрид не застанува. Утринава клубот сподели нова информација околу составот за следната сезона. Владимир Бојанич е нов ракометар на овој тим.
Станува збор за 28-годишен ракометар кој игра на пикерската позиција во два правци. Со раководството на клубот се догворија на две години. Доаѓа од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што има одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија).
“Се радувам што ќе бидам дел од овој проект, се надевам дека ќе ја оправдам довербата и ќе ја оствариме нашата цел и ќе растеме од година во година“, изјави Бојанич.