Германија вечерва против Англија во женски дресови

158

Репрезентацијата на Германија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Англија во рамките од второто коло од новата Лигата на Нации. По тој повод, предмалку од германската федерација објавија дека нивниот тим денеска ќе настапи во дресовите на женскиот германски тим, како поддршка на нивниот настап на овогодинешниот европски шампионат.

„Супер е тоа. Ме интересира како ќе им стојат, односно дали ќе им стојат подобро од нас. Во прашање е поддршка за нас и нашиот настап за ЕП. Многу е важно што взаемно се поддржуваме“ – изјави германската репрезентативка Анет Зеиц.

Женската репрезентација на Германија го направи истото за своите колеги минатата година.

ПретходноСкопје без Десниќ, Пецов и Јаневски следната сезона
СледноМерџани ја напушта Шкендија