Епизода број три од маратонот меѓу МЗТ и Пелистер за тронот!

123

Денеска продолжува битката за тронот во македонскиот кошаркарски шампионат. Иако според последните партии, поточно пред втората пресметка се чинеше дека актуелниот првак лесно ќе мине низ Битола, сепак од таму дојде најава дека финалната серија има што да понуди.

Пелистер по продолжение го совлада МЗТ Скопје ја прекина неговата неверојатна серија од 12 победи во низа и израмни на 1-1 во плеј-оф серијата. Битолчани водени од своите навивачи и во пеколни услови за игра најдоа начин да дојдат до победа за продолжување на надежите дека историската сезона може да заврши со трофеј.

Избраниците на Александар Петровиќ на другата страна пак беа далеку од нивото во Скопје, неа надиграни во првото полувреме, се вратија во третата четвртина, но не искористија вистински шанси да дојдат до триумфот кој денеска можеше да им го донесе деветтиот пехар.

Но, финалната серија заслужува многу повеќе од лесен пат до тронот. Вечерва (19 часот) во „Јане Сандански“ дефинитивно ќе биде интересно. МЗТ Скопје ќе сака реванш, додека Пелистер со голема самодоверба ќе влезе на оваа средба и ќе се обиде да дојде до брејк.

ПретходноГромогласен аплауз за Лазаров: Останувам во ракометот како селектор, можеби ќе водам и клуб (ВИДЕО)
СледноПабло Ласо пуштен на домашно лекување: Се чувствувам совршено! (ФОТО)