Златан нема намера да престане…

107

Иако се очекуваше дека по освојувањето на титулата во Серија А, Златан Ибрахимовиќ ќе стави крај на својата пребогата кариера, сепак тој не се предава. Тој, како што веќе го информирал својот клуб Милан, посакува да игра барем уште една сезона, иако наесен ќе полни 41 година и иако речиси до крајот на 2022 нема да може да настапува поради тешката повреда и операцијата која го чека.

Како што известуваат медиумите во Италија, секако дека Милан ќе му го продолжи договорот, но за помала сума од онаа која сега ја замена Златан, а таа е 7 милиони евра годишно. Швеѓанецот со балкански корени е драгоцен пред се за атмосферата во соблекувалната.

ПретходноПокетино: Секоја седмица “добивам“ отказ, а јас сум еден од најдобрите во светот!
СледноВардар 1961 одбраната на тронот ја почнува во Неготино