Никола Калиниќ се најде во центарот на вниманието по завршување на последниот финален меч во АБА-лига. Во истата секунда во која Црвена Звезда стана шампион, тој истрча до клупата на Партизан и ги провоцираше кошаркарите на „црно-белите“, посебно Урош Трифуновиќ.
Наместо прослава со тимот, Калиниќ славеше пред клупата на противникот, не сакаше да остане должен на младиот играч на Партизан, кој истото го стори на претходната средба. На голема среќа на теренот не настана поголем инцидент.
„Би сакал да се извинам. Сакав да му вратам на Трифуновиќ за она што го стори на 30 поени разлика во четвртиот меч. Мислам дека оваа победа е поважна“, изјави Калиниќ по мечот.