Лазаров закажа прес-конференција во Нант, последни денови од играчката кариера?

305

Како се ближат последните денови од оваа сезона, така за Македонија на прво место кога станува збор ракометот е Кирил Лазаров. Иако не сака да говори на оваа тема, сепак нашиот најдобар ракометар на сите времиња денеска на прес-конференција во Нант најверојатно ќе ги открие своите идни планови.

Според најавите утрешниот дуел во рамките на францускиот шампионат на домашен терен, а потоа финалето против ПСЖ во Купот треба да бидат последни мечеви не само во дресот на Нант, туку во неговата кариера.

Но, иако има 42 години, сепак оставаме простор за изненадување. Со оглед на неговиот карактер, чудата секогаш се возможни, па останува да видиме што точно ќе сподели Лазаров денеска во 12 часот.

Лазаров има богата кариера зад себе, благодарение на него, Македонија често пати се споменува во Европа. Едноставно најдобар!

ПретходноБилетите се пуштени во продажба: Бодрете ја Македонија на дуелите против Грузија и Гибралтар!!!
СледноВладимир Бојанич е нов ракометар на ГРК Охрид!