Со гол од пенал, Англија се спаси од втор пораз на стартот на новото издание на Лигата на нации. Вечерва во Минхен, Германците имаа водство се до финишот на мечот, кога гостите добија удар од 11 метри и успеаја да се спасат од пораз.
Во меч во кој и двете селекции одиграа цврсто, на прв гол се чекаше се до 50. минута, кога по асистенција на Кимих, со еден извонреден удар Хофман успеа да донесе водство за „панцирите“. Англичаните имаа неколку добри можности за израмнување, но не искористија ниту една, се до 88. минута, кога судијата Серо Гранде од Шпанија не покажа на белата точка.
Хари Кејн реализираше за 1:1 и за прв бод на Англичаните во оваа група, откако на стартот изненадувчки загубија од Унгарија. За Германците ова беше второ реми по стартното со Италија.
По ремито со Германија во првото коло, прва победа за Италија во групата „3“ од А-сегментот во Лигата на нации. Вечерва на стадионот во Чезена, европскиот првак минимално со 2:1 ја совлада Унгарија, која покажа дека не случајно е дел од оваа најсилна конкуренција, а не случајно на стартот ја победи Англија.
Головите за победа на „аѕурите“ ги постигнаа Барела и Пелегрини, додека голот за Унгарија беше всушност автогол на Мансини.
Во сегментот „Ц“ Турција уште еднаш покажа дека е пресилна за конкуренцијата. По оние 4:0 во 1. коло над Фарските Острови, Турците беа уште поубедливи на гостувањето кај Литванија победувајќи ја со 6:0. Со тоа Турција по две кола освен што има 6 бода има и фантастична гол-разлика од 10:0.
Во истиот сегмент Луксембург на гостувањето кај фарски Острови славеше со 1:0.