Тренерот на кошаркарите на Реал Мадрид, Пабло Ласо и дефинитивно заздрави по срцевиот удар кој го имаше во неделата. Тоа беше шокантна вест за сите во „кралскиот клуб“, и се разбира за големиот број фанови.
Сепак тој е веќе на домашно лекување…
„Излегов од болница, сега сум дома и се чувствувам совршено. Имав среќа, ова за мене беше една добра опомена. Како што и рече мојот лекар сега сум подобар за разлика од пред неколку денови. Ве поздравувам сите и моја желба е да се вратам на паркетот што побргу“ напиша Ласо на социјалните мрежи.