Познати се групите за следната сезона!

211

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за следната натпреварувачка сезона.

Вкупно 16 екипи ќе бидат дел од „елитата“, истите се поделени во две групи со по осум учесници. Првите четири тима од секоја група ќе се најдат во плеј-офот, додека последните четири од секоја група во плеј-аут.

Бранителот на титулата, Вардар 1961 се најде во групата А заедно со Бутел Скопје, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино и Куманово, додека Е.Пелистер се најде во групата Б заедно со Е.Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор К.В и Скопје.

ПретходноРаботнички се раздели со дел од странците…Ѓорѓевиќ, Куција, Родригез…
СледноПокетино: Секоја седмица “добивам“ отказ, а јас сум еден од најдобрите во светот!