Прекин во СЦ „Јане Сандански“, Пелистер на кратко се повлече

1260

Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер е прекинат во самиот финиш на третата четвртина при резултат 74-41. Причината е веќе добро позната, нереди на трибините во СЦ „Јане Сандански“, причина поради која се повлекоа кошаркарите на Пелистер.

Битолските фанови кои дојдоа да го бодрат својот тим на овој натпревар се обидоа да се пресметаат со полицијата, па дуелот веднаш беше прекинат, а кошаркарите на гостинскиот тим замина во соблекувалната.

Голема штета и срам за македонскиот спорт, ваквите сцени најмалку се потребни во едно финале кое треба да биде празник на кошарката.

На голема среќа, гостинските играчи се вратија назад, па мечот ќе продолжи.

ПретходноЧурлинов: Целта е прво место, а тоа доаѓа со победи
СледноПавличевиќ: Во младите играчи добиваме костур на тимот за во иднина