Серафимов меѓу најдобрите во Унгарија

112

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Никола Серафимов, е дел од идеалниот тим во шампионатот на Унгарија. Тој имаше одлична сезона во тимот на Залаегерсег, а со самото тоа се стекна и со статус на стандарден репрезентативец, па не треба да зачуди никого изборот меѓу најдобрите на нашиот дефанзивец.

Што е уште поважно, Серафимов летово има и тоа како солидни понуди за да ги смени клупските оди и Залаегерсег ќе има сериозна задача да го задржи во своите редови.

Серафимов стартуваше инаку за нашата репрезентација пред неколку дена во триумфот над Гибралтар на гостински терен од 0:2.

ПретходноАнтонио Каланоски е нов играч на Шкупи
СледноЈувентус подготвува четири мега – трансфери: Погба, Кулибали, Ди Мариа и Жезус!