Скопје без Десниќ, Пецов и Јаневски следната сезона

1040

Екипата на Скопје и следната сезона ќе биде дел од ПМФЛ шампионатот. „Пиратите“ одиграа сосема солидно изминатата сезона за да и натаму бидат дел од елитата, и летово ќе треба да се прегрупираат за да и следната година бидат на исто рамниште.

Сепак, тоа ќе треба да го направат без стандардните изминатата сезона, Дарио Десниќ, Христијан Пецов и Филип Јаневски.

Тројцата според нашите информации си заминуваат од Автокоманда, и ќе продолжат во некоја друга средина. Од друга страна пак, што се однесува до засилувањата, Скопје секогаш тоа го правел во тишина што се вели, но никогаш не останувал без доволно играчи за да биде конкурентен каде и да игра.

 

ПретходноГрадимир Чаневски се пресели во Израел
СледноГерманија вечерва против Англија во женски дресови