Изјавата на Рафаел Надал дека вбризгувал голем број инјекции за време на „Ролан Гарос“ не остана незабележана, а на тоа остро реагираше францускиот велосипедист Гијом Мартин.
Надал призна дека примил инјекција преку специјален метод, со што му го убила нервот на стапалото, за да не чувствува болка додека игра. Всушност, тој немаше никакво чувство во ногата, но тоа очигледно не му пречеше да стигне до 14. титула на Ролан Гарос.
Мартин во интервју за весникот „Л’Екип“ индиректно го обвини Надал и истакна дека такво нешто во велосипедизмот веднаш би било санкционирано.
„Тоа што го направи Надал е невозможно за велосипедистите и тоа е нормално за мене. Ние, ако сме повредени или болни, не можеме да трчаме, да возиме велосипед, да се натпреваруваме. Ова е нормално поради неколку причини. Прво поради здравјето на спортистот. Не знам колку е добро на долг рок тоа што Надал го прави со својот зглоб. Од друга страна, лековите можат да влијаат на перформансите на спортистот, односно да го подобрат. Затоа ми се чини дека ова е готово на граница“, вели Мартин.