Српските кошаркарски гиганти Црвена Звезда и Партизан добиле понуда за влез во ВТБ лигата во која учествуваат главно руските и екипите од балтичките држави.
Според информацијата и двата клува се уште немаат донесено одлука за ова прашање. Ако прифатат да бидат дел од оваа лига, Партизан и Црвена Звезда ќе имаат голема имаат финансиска корист од учеството во Лигата со оглед на то ашто и двата тима немаат трајна лиценца за настап во Евролигата.
Годинава како победник на АБА лигата, Црвена звезда го задржува правото за настап во Евролигата. Партизан ќе чека вајлд-карта.